Ѕвездата Бијонсе точно знае како се чувствувала актерката Лиз Харли кога беше принудена да одрекува дека имала афера со претседателот Бил Клинтон. Француските медиуми почнаа гласини за нова љубов во Белата Куќа- меѓу Бијонсе и претседателот Барак Обама. Француски папарацо тврди дека Вашингтон пост сакал да објави сторија за нивната афера. Сензационалното тврдење на Паскал Ростајн за радиото Европа 1 беше преземено од други медиуми во Франција, меѓу кои и Фигаро.
Портпаролката на Бијонсе ги отфрли овие тврдења како апсурдни.
Папарацото, кој всушност е пријател на пријателка на претседателот- односно поранешната прва дама Валери Триевиелер, ќе објави мемоари оваа недела, па во најавата вели „Постои нешто големо што се случува. Светот ќе зборува за тоа. Ќе го објави Вашингтон Пост“.
Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи се долгогодишни пријатели со семејството Обама, а таа дури и пееше на 50 роденден на првата дама. Вашингтон Пост соопшти дека нема други информации освен дека тие останале пријатели. Се нагласува и дека весникот добил огромен број на повици „тоа е лудо колку бргу се шират гласините“.
Повторно прашан за аферата Бијонсе- Обама, Ростајн потоа признал дека било шега. Приказната почна кога Оланд, кој всушност имаше афера, замина во посета на САД кај Обама. Минатата недела пак изворот за аферата Харли- Клинтон, нејзиниот поранешен партнер Том Сизмор, призна дека – ја измислил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцот Чарлс има афера со позната актерка
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Не ни трепнала: Откриено е што украла Бијонсе од Кејт Мидлтон и како!
-
Принцеза од мали нозе: Ќерката на Бијонсе има личен стилист, две дадилки, обезбедување, готвач…