Српскиот весник „Блиц“ објави фотографии од луксузната вила на Кипар на пејачката Светлана Ражнатовиќ – Цеца во која многу често престојува.

Вилата се простирала на 400 квадратни метри во летувалиштето Аја Напи и била многу пораскошно опремена од таа на Дедиње во Белград.

Цеца вели дека била чест гостин во оваа островска земја и го засакала тамошниот амбиент, здобила пријателства, а и своите деца ги школувала таму.
– Имам соседи Иранци, Кипрани и Руси со кои имам одличен однос. То се остварени луѓе на кои ништо не им значи којата слава во Србија. Во Аја Напи летото е прекрасно, а ми годи и да појдам таму и кога е студено во Србија. Драгоцен ми е мирот што го имам во мојата втора куќа- вели Цеца.

Цената која Цеца ја платила за овој луксуз не е соопштена, а вели дека објектот го купила во 2006 година на кредит. Колку за споредба, недвижностите во ова популарно летувалиште во зависност од локацијата се движат од 150.000 евра за помала куќа, до два милиони евра за најраскошните вили. Вилата на Цеца е некаде меѓу овие две цифри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


