Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина (БиХ), Валентин Инцко изјави дека причини за протести во државата се „трупале со години, но по војната на луѓето мирот им бил драгоцен“.
Според Инцко „повод за немири постои веќе со години, а тоа се социјалните неправди“.
„Се повеќе ина луѓе чија положба е многу тешка, додека малцинството е богато. За некои од нив народот мисли парите не ги стекнале преку регуларен пат и дека има работа за обвинителството„, изјави Инцко за загрепски „Jutarnji list“.
Австрискиот дипломат наведе дека станува збор „за комбинација на социјален бунт и можеби лоша ефикасност на кантоналните власти кои беа нападнати.
Федерацијата БиХ има околу 150 министри! Да беа ефикасни немаше да ги палат, ја пренесува весникот изјавата на Инцко.
Говорејќи за протестите во Тузла, Сарајево, Зеница, Мостар и Бихаќ, Инцко ги осуди насилствата, додавајќи дека од друга страна право на мирни демонстрации се основно демократско право и дека луѓето имаат право на достоинствен протест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


