| четврток, 6 декември 2018 |

Разбиена српска банда која ограбила 10 банки низ Словенија

11 српски државјани се осомничени за 10 оружени грабежи на банки во Словенија во периодот од 2011 година до 2012 годин.

Словенечката полиција денеска соопшти дека петмина од групата биле уапсени во Словенија, додека по останатите се уште се трага, а против сите се поднесени кривични пријави во судот во Љубљана.

Истрагата утврдила дека во десетте грабежи биле украдени околу 123.000 евра. Членовите на бандата биле на возраст од 20 до 26 години, а при грабежите се служеле со насилство и со закани користејќи огнено оружје. Момчињата доаѓале во Словенија во помали групи и ја напуштале земјата веднаш по грабежите. Сите 11 момчиња имале криминални досиеја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top