| четврток, 6 декември 2018 |

Почина оскаровецот Габриел Аксел

Данскиот режисер Габриел Аксел почина на 95-годишна возраст, пренесува Associated Press, повикувајќи се на изјава на неговата ќерка Карин Мерк, која соопштила дека уметникот починал во неделата, но не го прецизирала местото и причината за смртта. Габриел Аксел стана планетарно познат откако ја освои најпрестижната филмска награда Оскар во категоријата Најдобар странски филм за „Пирот на Бабет” (од 1987година) снимен според истоимениот расказ на данската писателка Карен Бликсен. Станува збор за сторија за Французинка (ја толкува Стефани Одран) којашто слугувала во данско семејство и на лотарија добила награда од 10 илјади франка. „Сфатив дека сé е можно во нашиот убав свет”, изјавил Аксел примајќи го во 1988 година Оскарот.

Филмот истата награда ја освои и во изборот на британската филмска академија BAFTA. На филмот кој влезе во аналите на светската кинематографија, режисерот работел вкупно 14 години.

Аксел роден на 18-ти април 1918 година во данскиот град Орхус, поголемиот дел од детството го минал во Франција. По враќањето во татковината работел како актер во Кралскиот театар. Во 1967 години неговиот филм „Црвената наметка” бил во најтесниот избор за главната награда на Канскиот филмски фестивал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top