| четврток, 6 декември 2018 |

КХВ ја одзеде дозволата за работа на „Пеон Брокер“

KHV

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на брокерската куќа „Пеон Брокер“ АД Скопје.

Како што е соопштено, КХВ и ја одзеде дозволата за работа на брокерската куќа „Пеон Брокер“ АД Скопје, по нејзино барање.

„Со трајното одземање на дозволата за работа на „Пеон Брокер“ АД Скопје се исполнуваат условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата ќе поведе постапка пред надлежниот суд“, соопшти КХВ.

Согласно Законот за хартии од вредност, Комисијата ќе ги задолжи Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје веднаш по приемот на решението од КХВ трајно да ја исклучат од членство брокерската куќа „Пеон Брокер“ АД Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top