За купување на бизнис-групата „Форбс медија“, издавач на списанието „Форбс“, заинтересирани се кинеската корпорација „Фосун интернешенел“, фондот „Спајс глобал инвестментс“ од Сингапур и германската издавачка куќа „Аксел Спрингер“, која по лиценца го издава списанието во Русија.
Рокот за прием на понуди од потенцијалните купувачи истекува денеска, а списанието „Форбс“ е проценето на 400 милиони долари.
За собирање на понудите на заинтересираните инвеститори задолжени се консултанти на „Дојче банк“.
Списанието „Форбс“, познато по правење листи на најбогати луѓе во светот, веќе неколку години бележи пад на профитот, по забрзаниот развој на дигиталните медиуми и намалување на приходите од реклами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


