Владо Јаневски, Елена Ристеска и Викторија Лоба се задолжени за добра забава на денот на виното. Прославата на љубовта со добро вино и романтични хитови е закажана за 14 февруари во клубот Колосеум, со почеток во 23 часот. Зад овој проект стои Пелистерка. Влезниците во предпродажба се продаваат по цена од 200 денари, а на врата ќе бидат 50 денари, односно 100 денари поскапи, зависно од тоа во кој период ќе се појавите пред вратите на дискотеката. За најзаљубените Колосеум ги подарува првите 500 дуплекс карти (по цена од 300 денари) во Југотон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



