| четврток, 6 декември 2018 |

Лајчак: Босанските лидери да го послушаат народот, а не да играат свои игри

miroslav lajcak

Ситуацијата во Босна и Херцеговина и протестите што во оваа поранешна југословенска република се случуваа последните денови, ќе се најде на денешната агенда на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија на нивниот состанок во Брисел.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, шефот на дипломатијата на Словачка, Мирослав Лајчак, посочи дека е добро што денеска е мирно во Босна, но дека постои тензија и Унијата треба да одговори на тоа.

– Се покажува дека трпението на граѓаните на Босна и Херцеговина има граници. Нема позитивна агенда во земјата, не се случуваат позитивни работи и луѓето ја поставија својата агенда. Луѓето испратија сериозен сигнал до политичките лидери во БиХ дека тие имаат демократски мандат помалку да се занимаваат со своите игри, а повеќе со социо-економските прашања на земјата. Тоа е сигнал и за нас, за европската Унија, да погледнеме пошироко на ситуацијата во земјата – посочи Лајчак пред состанокот на министрите за надворешни рбаоти на ЕУ.

Словачкиот министер одби да ја коментира најавата на специјалниот претставник на Унијата во БиХ, Валентин Инцко, кој дојде на местото на Лајчак на оваа позиција, во однос на најавата дека ЕУ може да испрати воени трупи со цел спречување на ескалација на настаните во поранешната југословенска република.

– Иако сега е мирно во Босна, јас сум загрижен оти сепак се уште постои тензија. Изјавите на Инцко не би сакал да ги коментиран, но сигурно е дека денеска со моите колеги од другите земји-членки на Униајта ќе разговараме за случувањата во земјата и очекувам по денешниот состанок, ЕУ да испрати јасна порака за БиХ – посочи Лајчак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top