Данокот на имот, кој Грците го плаќале во 2011 и во 2012 година со сметките за електрична енергија, Врховниот суд на Грција го прогласи за неуставен.
Се очекува одлуката на судот да предизвика шок во владиниот кабинет на премиерот Андонис Самарас бидејќи ако се потврди неуставноста на овој данок, тогаш државата ќе мора да им врати околу две милијарди евра на даночните обврзници.
Мотивите на судот за ваквото решение се дека овој данок прекршувал повеќе уставни одредби и според судиите во случајот не станувало прашање за трошок, туку за обврска.
Од оваа година Грција престана да им наплаќа данок на имот на своите граѓани преку сметките за струја, туку воведе единствен данок на имот.
Данокот, кој беше обврзан со сметките за струја, беше воведен во 2011 година, со цел да ѝ помогне на Грција да го зголеми буџетот борејќи се со длабоката рецесија. Од овој и од уште еден данок за недвижен имот во буџетот годишно се слевале по 2,9 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!