| четврток, 6 декември 2018 |

Марија Хефл Риш неприкосновена во суперкомбинација

Германката Марија Хефл Риш победи во денешната алпска комбинација пред Австријката Никол Хосп и Џулија Манкузо од САД.
Риш по првата трка што се возеше во дисциплината спуст беше петта и со одлично возење во втората слаломска трка со вкупно време од 2.34.62 минути успеа да го надомести времето од спустот каде што заостануваше цели 96 стотинки и со супериорна трка да се искачи на пиедесталот. Германската води и во генералниот пласман во светскиот куп во скијање во женска конкуренција и со право беше фаворит број еден за златниот медал на Зимските олимписки игри во алпска комбинација.
На второто место Никол Хосп заостана 40 стотинки зад Риш, која со одлучна втора трка го направи изненадувањето на денот бидејќи по првата трка заостануваше повеќе од една секунда зад водечката Џулија Манкузо по првата спуст трка.
Манкузо, која беше прва по спустот, можеби ја извози најдобрата слаломска трка во кариерата бидејќи техничките дисциплини ѝ се послаба страна. Таа, сепак, на крајот заостана 53 стотинки, но успеа да ја истисне Словенката Тина Мазе од третото место и да се закити со бронзен медал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top