На 14 февруари, во 22 часот, во „Сити хол центар“, МКЦ, во Скопје, ќе настапат Фолтин и диџеј Шурбе. Омилените „Фолтин“, по повеќе успешни проекти и концерти зад себе во земјава и во странство во текот на минатата година, првпат оваа година ќе ги почестат своите фанови со настап.
Ноќта на љубовта и музиката ќе почне со настапот на Фолтин, а ќе продолжи со диџејски сет на единствениот Костадин Шурбановски-Шурбе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


