| четврток, 6 декември 2018 |

Орландо феноменален против фаворитите, Клиперс со најубедлива победа

Орландо е тимот што направи најголемо изненадување на синоќешните натпревари од НБА-лигата.
Тимот од Флорида повторно го победи лидерот во лигата, Индијана, со целосен пресврт во последната четвртина. Мечот заврши со минимална победа на домаќините со 93-92. Виктор Олдапо и Никола Вучевиќ беа творци на победата бидејќи во последната четвртина направија пресврт. Олдапо го заврши натпреварот со 23 поени, од кои 13 во последниот период. Вучевиќ на своите 19 коша додаде и 13 скока. Ова беше петти триумф во низа за Орландо на домашен терен.
Во првиот меч на Крис Пол за ЛА Клиперс по повредата и паузата од еден месец беше постигнат рекордот на убедлива победа оваа година. Клиперс ја декласираше Филаделфија со 45 поени разлика (123-78). Пол одигра 23 минути и постигна седум поени и осум асистенции. Блејк Грифин беше најефикасен кај домашниот тим со 26 поени, 11 скока и шест асистенции.
Дуелот на најдобрите поентери во лигата заврши со победа на Кевин Дурент, кој во синоќешниот дуел против Њујорк даде 41 поен. Неговиот тим Оклахома стигна до нова победа од 112-100. Кармело Ентони беше просечен постигнувајќи 15 поени. Оклахома е лидер во западната конференција со 41 победа.

Резултати:
Оклахома – Њујорк 112-100, ЛА Лејкерс – Чикаго 86-92, Бостон – Далас 91-102, Бруклин – Њу Орлеанс 93-81, Орландо – Индијана 93-92, Кливленд – Мемфис 91-83, Вашингтон – Сакраменто 93-84, ЛА Клиперс – Филаделфија 123-78.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top