| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија претставена на саем во Брисел

APPT.jpg

На саемот за туризам во Брисел, Белгија, кој завршува денеска, 10 февруари, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) ги претстави туристичките потенцијали на Македонија.

Во Белгија, штандот на Македонија го посетиле амбасадорот на Република Македонија во Белгија, Лазар Еленовски, и економскиот промотор за Белгија, Крешник Бектеши. Се разговарало со повеќе тур-оператори и новинари кои се заинтересирани за инфотури во Македонија, соопштуваат од АППТ. Тие се надеваат и на понатамошна успешната соработка со „Џет ер“, како и нејзино интензивирање во наредните години.

Од средината на наредната недела почнуваат саемите за претставување на туристичките потенцијали во Софија и во Милано, на кои Македонија ќе се претстави со нови прмотивни материјали и нов изложбен простор, истакнуваат од АППТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top