| четврток, 6 декември 2018 |

Барса со победа се врати на врвот на Примера (видео)

Во претпоследниот натпревар од 23. коло во шпанската Примера, Барселона на гости ја совлада екипата на Севиља со резултат 1-4.

Домаќините први го отворија натпреварот кога во 15. минута поведоа со 1-0. Ракитиќ одлично го проигра Морено кој со силен удар го совлада Виктор Валдес. Барселона до изедначување дојде во 34. минута, откако Меси од слободен удар го пронајде Санчес кој постигна гол од очигледен офсајд. На крајот од првото полувреме Каталонците го свртеа резултатот, а стрелец за водечкиот гол беше Меси.

Меси беше стрелец и на третиот гол на Барселона по асистенцијата на Иниеста во 56. минута. Конечниот резултат го постави Фабрегас во 88. минута.

Барселона го искористи киксот на Атлетико Мадрид и со оваа победат повторно ја зазема првата позиција во Примера. Барса, Реал и Атлетико имаат по 57 бода, но Каталонците имаат најдобра гол разлика. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top