Петнаесетгодишната Русинка Јулија Липнитскаја стана најмладата руска лизгачка на мраз која освоила златен медал на Зимските олимписки игри откако имаше одличен настап во тимското претставување на натпреварот во уметничко лизгање.
Јулија е шест дена помлада од американската лизгачка Тара Липински, која освои златен медал на Игрите во Нагано во 1998 година.
Нејзиниот феноменален настап ги остави без зборови присутните во палатата „Ајсберг Скејтинг“, за што доби и силни овации.
Подвигот на младата Јулија, сепак, не ѝ обезбеди место во историјата како најмлад освојувач на златен медал во историјата на Зимските олимписки игри затоа што приматот веќе 20 години го држи лизгачката на кратки патеки, Јужнокорејката Ким Јун Ми, која стана олимписка шампионка на 13 години на олимпијадата во Лилехамер во 1994 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
2.700 евра ја делат 14 годишната Ирина од настап на Олимпијадата во Токио, државата и општината ја одбија поддршката (видео)
-
Ангела Прилепчанска, првата претставничка на Македонија во натпревар по уметничко лизгање (Видео)
-
Македонија ги доби првите шампиони во уметничко лизгање
-
Бразилската студентка за ноќта мината со Усеин Болт: Тоа не беше спринт, тоа беше маратон