Според премиерот Никола Груевски, би било голема грешка ако албанските партии решат да ги бојкотираат претстојните претседателски избори.
– Се надевам дека тоа нема да го направат албанските партии, а мислам дека ако го направат, ќе сфатат дека направиле голема грешка – рече Груевски.
Денеска граѓанското движење „Разбуди се“ ги повика албанските граѓани и партии во земјава да не излезат да гласаат на изборите на претседател на Македонија. Тие сметаат дека е најдобро претседател на земјава да се избира во парламентот со двојно мнозинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.