Европската комисија соопшти дека ќе ги преиспита билатералните односи со Швајцарија откако жителите на таа држава денеска на референдум поддржаа воведување на ограничувања за имигрантите.
– ЕУ ќе ги преиспита последиците од таа иницијатива врз севкупните односи на Унијата и Швајцарија – се вели во соопштение публикувано откако беа објавени резултатите од референдумот на кој беше усвоен предлогот на десничарските популсти.
Швајцарците на рефендум поддржаа воведување ограничувања за имигрантите – „за“ воведувањето се изјаснија 50,3 отсто гласачи. Тие ја поддржаа т.н. иницијатива „Запрете масовна имиграција“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.