| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбен манастирот „Св.Спас“ во с.Аргулица

Непознат сторител влегол во објект во состав на манастирот „Св.Спас“ во с.Аргулица и извршил кражба при што од манастирот одзел постелнини, алишта и прехранбени производи, соопштуваат од МВР.

Откако претходно го скршил стаклото, крадецот влегол во објектот преку прозорот на просторијата за молитва, по што извршил пребарување во сите простории и откако го собрал пленот го напуштил местото.

Полицијата работи на откривање на идентитетот на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top