
Двајца македонски државјани биле уапсени, откако српската полиција во саботата ги фатила во обид да прошверцуваат 137 килограми марихуана.
Според досегашните информации, марихуаната чија вредност се проценува на 600.000 евра била сокриена во камион со македонски регистарски таблички. Пакетчињата биле сместени во специјално изработени шуплини во дрвени летви кои служат како носачи на камионската церада.

Марихуаната е откриена во акција изведена во саботата навечер против нарко пазарот во западноевропските земји. Македонските државјани С.А. и И.А. биле уапсени на граничниот премин Батровци. По полициското задржување од 48 часа, ќе бидат спроведени до надлежното обвинителство во Сремска Митровица, објавува Сител.
Неофицијално, полициските оперативци го следеле камионот од граничниот премин Мердаре, од каде влегол од Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


