Поради појавата на зачестени случаи на тешки кражби на подрачјето на град Скопје, СВР Скопје (полициски службеници од ККР Центар) во изминатиот период превземаа низа оперативно мерки и активности со цел идентификување на сторителите.
Притоа, врз основа на оперативни сознанија за можна инволвираност како сторители, а согласно законските одредби од Законот за малолетничка правда, во временскиот период од 21.01.-05.02.2014 година, во ПС од ОН Центар беа приведени вкупно седум малолетни лица со кои се обавени службени разговори и добиени се сознанија дека истите, во временскиот период од 26.11.2013 година до 04.02.2014 година извршиле вкупно 12 тешки кражби на подрачјето на ПС Центар од кои една во куќа, а 11 во деловни објекти.
Имено, кражбите ги вршеле со употреба на погоден алат (хебла, штрафцигер или метална шипка) со кои делувале на влезна врата или на прозорец, насилно ги отварале и влегувале во објектите од каде одземале пари, техничка стока и прехрамбени производи кои потоа ги продавале на трети лица, а добиените пари ги трошеле за свои потреби.
Врз основа на Судски наредби извршени се претреси во нивните домови и помошни простории, при што пронајдени и одземени се дел од предметите кои се пријавени за украдени (пет лап топи, пет куќишта од комјутери, два ЛЦД монитори, еден ЛЦД телевизор, еден ДВД плеер и звучници) и истите ќе бидат вратени на оштетените сопственици.
Исто така, од страна на полициски службеници од ЕОК-ОИД утврдена е нивна инволвираност во уште пет кривични дела „Одземање на ПМВ“ кои се извршени на подрачјето на Скопје, а од страна на полициските службеници од ККР Центар во тек е докажување и документирање на нивна инволвираност и во други пријавени случаи на кривични дела – “тешки кражби“.
По целосно документирање, од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Инаку, малолетниците се познати на службата при што истите повеќе пати се кривично пријавувани за сторени кривични дела од областа на имотните деликти.
– See more at: http://moi.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=13128&mid=1367&tabId=358&tabindex=0#sthash.Bu3FXZPY.dpuf
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.