Командант Хоџа или Џезаир Шаќири, кој командуваше со групата на ОНА во Арачиново во август 2001-та година за порталот Алмакос, по повод изјавите на генералот Тејта и на Стојанче Ангелов дека доколку беа војници на НАТО, ОНА немаше да стигне ни еден ден да се брои со македонските безбедносни сили.
– Еден човек се гледа по неговите дела, а не по зборовите. Јас можам да кажам дека ако го имавме оружјето со кое располагаа Македонците, ќе ги протеравме нивните војници до Бугарија – рекол Хоџа за Алмакос, а пренесено од Република Шќип.
Меѓу другото, Шаќири тврди дека прифатил да се повлече од Арачиново затоа што било прифатено потпишување мировен договор, а не заради тоа што бил опколен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.