Граѓанската опција за Македонија прва во јавноста ќе излезе со својот претседателски адут, објави „Канал 5“. Според информациите на „Канал 5“, нивниот адут е Зоран Поповски, кој важи за еден од најблиските соработници на Стефче Јакимовски, а своевремено беше државен секретар во Министерството за образование во мандатот на СДСМ. Централниот одбор на ГРОМ на утрешната седница ќе одлучува за претстојните претседателски и евентуалните предвремени парламентарни избори.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ веќе најави дека тие нивниот претседателски кандидат ќе го изберат на конвенција која ќе се одржи на 1 март.
Од СДСМ засега само најавата дека нивниот кандидат ќе го објават во законскиот рок.
Засега нема потврда дали партиите на Албанците на овие избори ќе излезат со свои кандидати. Ахмети вчера потврди дека нема договор со ВМРО-ДПМНЕ за нивното барање за консензуален кандидат, но не ја исклучи и заканата од можен бојкот на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.