| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во Хамбург: дете запалило Пакистанка и нејзините две деца

Дете на возраст од 13 години инаку припадник на хамбуршката пожарникарска младина го призна злосторството кога полициајта го соочи со доказите и е одведен во болница на психијатриска проценка. Малолетникот е уапсен во Германија поради подметнување на пожар во азилот во хамбург во кој загинаа три лица – една Пакистанка и нејзините две деца, соопшти денеска германската полиција.

Малолетникот кој има 13 години е припадник на младите пожарникари од Хамбург и е идентификуван врз основа на изјава на очевидец и снимка од безбедносната камера. Момчето синоќа го призна злостроството кога полицијата со соочи со доказите, по што е однесен на психијатриско вештачење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top