Ако го повторат делото педофилите задолжително ќе подлежат на хемиска кастрација, нема да имаат право на избор. Денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов уште еднаш ги образложи законските измени кои опфаќаат кастрација на лицата кои сексуално ќе злоупотребат деца.
-На хемиска кастрација ќе подлежат задолжително сторителите на вакви кривични дела кои втор пат ќе го направат истото или оние кои ќе се согласат на медицински-фармаколошки третман. Доколку дадат согласност, ќе има намалување на затворската казна, истакна Спасов.
Според измените за кривичното дело обљуба, кај основниот облик на педофилија, казната затвор наместо 8 години, се зголемува на најмалку 12 години. Кај квалификаторниот облик, за обљуба или друго полово дејствие врз дете кое не наполнило 14 години, настапила тешка телесна повреда, смрт или друга тешка последица, казната затвор беше најмалку 10 години или доживотен затвор, а сега се предвидува минимална казна од 15 години затвор до доживотен затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов
-
Дебело досие и дебели лаги: Криминалецот Динарица во одбрана на Спасовски