| четврток, 6 декември 2018 |

Трета жртва на свинскиот грип

infektivnaШеесетгодишен пациент кај кој бил изолиран вирус на грип од типот А, почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Тој претходно боледувал од повеќе тешки хронични заболувања.  Бил хоспитализиран на минатиот четврток со тешка клиничка слика, со воспаление на белите дробови и менингит. Пациентот починал неколку часа по хоспитализацијата.

Претходно, боледувал од повеќе тешки хронични заболувања, како што се тешко срцево заболување, покачен крвен притисок и со декомпензирана срцева слабост.

Инаку, во моментот на Инфективната клиника, има тројца пациенти со потешка клиничка слика, со претходни ризик-фактори и хронични заболувања.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top