Порталот „Центар њуз“ објави ексклузивно видео од тепачката мешу „Фемили Аеродром“ и „Кумани“ во Охрид.
Според порталот, инцидентот почнал кога навивачката група „Кумани“ низ плоштадот „бркала“ неколку членови на „Фемили Аеродром“. По неколку минути од правец на чаршијата пристигнале околу дваесетина навивачи на „МЗТ Скопје“ кои со камења во рака почнаа да маваат кон дваесетина навивачи на навивачката група од Куманово. „Престрелката“ со камења, дрва и една бакља траеше околу 6-7 минути. Двете групи на неколку пати тргнувале едни кон други но, веднаш се повлекувале. Настрадале неколку возила кои биле паркирани во непосредна близина.
-Кога ги исфрлија сите камења двете групи се упатија едни кон други. Кога се доближија на околу едно до две метра растојание, се очекуваше да дојде до голема групна тепачка. Но, тоа не се случи. Едните према другите си упатија неколку вербални расправии и после се раздвоија. Додека се случуваше инцидентот, никаде немаше присуство на полиција,пишува порталот „Центар њуз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


