| четврток, 6 декември 2018 |

Голема тепачка на две навивачки групи во Охрид

Денеска околу 14 часот се случи голема тепачка во центарот на Охрид во непосредна близина на градското пристаниште.

Според очевидци во инцидентот учествувале околу 50-тина млади луѓе, неофицијално, членови на навивачките групи Куманово и МЗТ Скопје, пренесува локалната „Спектра Тв“.

Очевидците велат дека летале камења, но за среќа, поради брзата интервенција на полицијата, бил спречен поголем инцидент.

ОД СВР Охрид го потврдија инцидентот и рекоа дека полициски службеници кои се наоѓале во непосредна близина успеале веднаш да реагираат.

Во полициска станица се приведени десетина лица од двете страни, се работи на нивна идентификација и на утврдување на причините за инцидентот. Оштетени се и неколку возила кои се наоѓале во непосредната близина на инцидентот.

Сличен инцидент помеѓу две навивачки групи се случил и синоќа во Охрид по што исто така биле приведени неколку лица во ПС во Охрид.

Во Охрид деновиве се одржува кошаркарскиот Куп на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top