Пет угостителски објекти на подрачјето на Тетово, Мала Речица, Камењане и Синичане биле цел на заедничката акциска контрола на полицијата и УЈП за почитување на одредбите од Законот за пушење, спроведена синоќа во периодот помеѓу 19 и 23 часот информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
– При контролата биле забележани девет прекршувања на Законот за пушење од исто толку физички лица кои добиле покани за наплата на глоба. Од страна на УЈП биле констатирани и други видови пропусти и прекршоци кои ќе бидат соодветно санкционирани од нивна страна – рече Јосифовски.
Ова е четврта ваква контрола спроведена во текот на изминатата недела во Тетовско-гостиварскиот регион што има зацел спречување на непочитувањето и кршењето на Законот за пушење во затворен простор. Казните за ова изнесуваат 150 евра во денарска противвредност за физичко лице и од 2.000 до 4.500 илјади евра за правно лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство


