| четврток, 6 декември 2018 |

Нов суд на Косово за злосторствата од 1998-2000 година

ЕУ заедно со неколку држави членки подготвила нацрт на статут за нов трибунал кој ќе биде лоциран вон Косово со цел судење по обвинувања за злосторства извршени во Косово во периодот 1998-2000 година опишани во извештајот на известителот на СЕ Дик Марти, објави денеска весникот „Трибуна“.

Седиштето на судот според весникот ќе биде вон Косово и косовскиот судски систем за да се обезбеди независност, брзо и праведно процесуирање, но и заради безбедносни ризици.

Новиот трибунал, според копијата во која имал увид весникот, се формира на барање на Владата. За да профункционира мора да добие согласност од две третини пратеници.

Ќе биде надлежен за случаи на злосторства во периодот 1998-2000 година, а врз основа на извештајот на Марти. Тој во извештајот изнесе обвинувања против поранешни шефови во ОВК меѓу кои и актуелниот косовски премиер Хашим Тачи за трговија на органи на Косово, а се споменуваат и трговија со дрога, оружје, цигари како и киднапирања и убиства, јави Танјуг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top