Македонскиот музичар Кирил Џајковски годинава ќе настапи на најголемиот отворен фестивал во Европа, полскиот „Вудсток фестивал“, кој ќе се одржи на четврти август. Џајковски, кој е е ден од најзначајните композитори, продуценти и диџеи на балканската електросцена ќе настапи на третиот ден од фестивалот кој привлекува повеќе од 750 илјади посетители.
„Вудсток фестивал“ е еден од најголемите фестивали во светот кој има 18-годишна традиција и се одржува на локацијата на поранешната полско-германска граница, Костшин над Одра во Полска. Фестивалот се издвојува и по унукатниот организациски пристап. Организатор на фестивалот е најголемата и најценетата хуманитарна фондација во Полска, чија мисија е да обезбеди високо квалитетна медицинска опрема за детските болници во Полска. За таа цел оваа хуманитарна организација успева да обезбеди дури 10 милиони евра во еден ден. Вудсток фестивалот е целосно некомерцијален, а годинава кон фестивалското мото, организаторот ја додаде и борбата за подобрување на условите за леквање на старите и изнемоштени лица.
Во рамките на турнејата 2013 година Џајковски ќе настапи на 13 јули на „Похода“ – најголемиот музички фестивал во Словачка, каде што своето учество го потврдија легендарните „Ник Кејц енд д бед сидс“, „Смешинг пампкинс“, „Џастис“, „Кајзер Чифс“ и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



