| четврток, 6 декември 2018 |

Бени сака и трето дете

Деновиве познатиот музичар Бени Шакири и неговата сопруга Лиса го добија второто синче. Новото братче на двегодишниот Мик, ќе се вика Бен, а името го предложила Лиса. Пејачот на „Нон стоп“вели дека иако родителство не се планира, во иднина сака да добие и ќерка.

– Такво нешто не можеш да го испланираш. Како и секој родител, сакам да имам повеќе деца, нормално дека сакам да добијам и ќерка, но се во свое време – вели Бени за „Вечер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top