Денеска во Мелбурн, Австралија беа измерени 42 степени, а топлиот бран кој го зафати јужниот брег ќе потрае уште неколку денови.
Ноќта која самошто започна во австралискиот град, според прогнозите на тамошните метеоролози ќе биде најтоплата вечер во неговата историја.
Иако температурата ноќта ќе биде пониска од дневната за десеттина степени, сѐ уште ќе биде претопло. За 5 часот наутро најавени се 33 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.