| четврток, 6 декември 2018 |

Топло и врнежливо

dozd-vo-dekemvri-10Сабота започнува со претежно ведро време и локална слаба магла по котлините. Но, веќе околу пладне се очекува постепено наоблачување од северозапад. Оваа облачност ќе донесе врнежи од дожд во текот на доцна попладневните и вечерните часови. Врнежите ќе бидат позначителни во западниот дел од земјата.На планините во западиот регион, над 1600 метри врнежите ќе бидат од снег.

Денот ќе биде топол, предвидува Метеопро. Максималната ќе достигне вредност помеѓу 8°С и 11°С низ котлините. Малку потопло, со максимални 13°С, ќе биде во Гевгелискиот и Дојранскиот регион.

Во Скопје денот започнува со слаба магла, а потоа се очекува краткотрајно разведрување. Веќе попладне ќе има зголемување на облачноста која во текот на вечерта ќе донесе слаб повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе има вредност околу 10°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top