22 Зимски олимписки игри вечерва во рускиот град Сочи, на Црното море, за отворени ги прогласи претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.
Свечената церемонија се одржа пред окoлу 40 илјади гледачи вo присуство на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, бројни претставници на меѓуанродни организации и високи делегации од странство.
До 23 февруари Сочи ќе биде домаќин на околу три илјади спортисти од 88 држави. Тоа е за шест повеќе од претходните ЗОИ во Ванкувер пред четири години. Македонија е претставена со тројца спортисти Дарко Дамјановски, Антонио Ристевски и Марија Колароска. Знамето на Македонија ќе го носи нордиецот Дамјановски за кого ова е трето учество на Олимписките игри, додека за алпскиот скијач Ритевски ова е втор настап. Шеснаесетгодишната Колароска ќе дебитира на ЗОИ во нордиските дисциплини. Организаторот на игрите вложи огромни средства за изградба на спортските објекти, но и за инфраструктура. Според проценките ова се најскапите олимписки игри во кои се вложени околу 50 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


