Американската делегација ја напушти свечената седница на Парламентот на Тунис во знак на протест поради изјавата на претседателот на иранскиот Парламент, Али Лариџани, кој ги обвини САД и Израел дека работат против арапските револуции.
– Раката на Израел и САД се обиде овие револуции да ги направи стерилни и да ги пренасочи, со цел од тоа да има корист Израел- истакна Лариџани во својот говор, додавајќи дека Израел претставува „рак рана“ на територијата на Блискиот Исток.
Амбасадата на САД подоцна го осуди коментарот на иранскиот прв парламентарец како „несоодветен“.
Во главниот град на Тунис денеска на симболична свеченост присуствуваат лидери од различни земји, која се одржува по повод усвојувањето на новиот Устав, а меѓу нив единствени европски лидери се францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


