Македонското МНР будно ја следи состојбата во Босна и Херцеговина. Во постојан контакт се со амбасадата во Сараево. Во деманстрациите нема повреден македонски граѓанин или некој што побарал помош од амбасадата, велат од МНР за Република.
Медиумите од таму известуваат дека полицијата соопшти дека премиерот на владата на тузланскиот кантон Сеад Чаушевиќ поднесе оставка, па демонстрантите им приоѓале на полицајците со извици „Цареви, цареви“, пренесуваат медиумите.
Во Сараево и во цела БиХ состојбата денеска е драматична безбедносната состојба заради судир на демонстрантите и полицијата во неколку града. Трет ден од демонстрациите незадоволните граѓани соопштија дека нема да се повлечат додека премиерот не поднесе оставка. претходно пред општинската зграда се случи жесток судир меѓу демонстрантите и специјалците, зградата е демолирана, а запалена беше и зградата на Владата. Дел од демонстрантите останал пред зградата на Обвинителството и пред Судот.
Во Сараево има најмалку 50 повредени, а гори инвентарот во зградата на Претседателството на БиХ. Демонстрантите го напаѓаат Претседателството, додека полицијата се обидува да ги спречи со водени топови. Се изнесува мебел кој се фрла на улица. По полицијата се фрла со камења, а не се штеди ниту на солзавец и на петарди. Зградата на кантонот Сараево е во пламен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


