| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени битолски разбојници и киднапери

mvr

СВР Битола поднесе кривична пријава за Б.У.(29), Л.С.(28) и М.С.(25), сите од Битола, за сторени кривични дела разбојништво и противправно лишување од слобода. На 3.1.2014 година, во Битола на ул. „Сремска Митровица“ пријавените со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над Д.О.(22) од Битола нанесувајќи му телесни повреди, при што му одзеле два мобилни телефони и 300 денари. По ова, пријавените со употреба на сила го однеле во куќата на второпријавениот на истата улица и во времето од 3 до 22 часот го држеле затворен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top