| четврток, 6 декември 2018 |

Просечната оценка на екстерното е 3,39

спиро ристовскиМинистерот за образование и наука, Спиро Ристовски, е задоволен од резултатите постигнати од екстерното тестирање на матурантите во земјава.

-Учениците од целата земја, кои го завршуваат средното образование, на екстерното тестирање добија просечна оценка 3,39, а најдобри резултати на тестирањето покажале матурантите од „Раде Јовчевски – Корчагин“ од Скопје- истакна Ристовски.

Од вкупниот 41.852 тестови со негативна оценка се оценети 2.596. Министерот истакна дека списоците со резултатите уште денеска ќе бидат објавени во училиштата, а од понеделник до среда учениците ќе имаат право на приговор до училишната комисија.

– Нашиот следен предизвик е спроведувањето на екстерното тестирање на крајот на учебната година за сите други ученици. Посветени сме на сите услови од процедурална и техничка природа бидејќи, сепак, овој процес ќе опфати многу поголем број ученици – рече министерот Ристовски.

По завршување на роковите за приговори, Министерството за образование и наука ќе одреди датум за сесија за тестирање на матурантите што оправдано отсуствувале од полагањата на 22 и/или 24 јануари, а за нив предвидено е тестирањето да биде спроведено по други предмети, не по тие за кои биле распоредени за полагањето во јануари, со тоа што и овојпат ќе бидат достапни сите прашања за предметите што ги учат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top