| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Тузла, запалена зградата на Владата!

тузла

Зградата на Владата во Тузла, Босна и Херцеговина, целосно изгоре. Горат девет ката во зградата, а демонстраните дури сега ги пуштија пожарникарите да го гасат огнот што го предизвикаа.

Демонстраните успеаја да влезат во зградата на Владата откако полицијата се повлече. Кршеа сè пред себе, излегуваа со книги и документи, ги фрлаа регистрите, столовите и клупите низ прозорците. Го запалија приземјето на зградата на Владата и продолжиле да демолираат. Пишуваа графити  – „оставка“, „крадци, крадци“, „смрт на национализмот“, „стоп на националната поделба на граѓаните на БиХ“.

На улиците на Тузла поголемиот дел се млади луѓе на возраст меѓу 15 и 25 години, со различни убедувања. Некои се студенти, но поголем дел се членови на навивачки групи кои се подготовени да предизвикуваат нереди. Многумина носат маски како на „Анонимуси“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top