| четврток, 6 декември 2018 |

Конференција „Млади и медиуми“ во МКЦ

Денеска и утре, со почеток во 11 часот, во МКЦ ќе се одржи 9. меѓународна конференција „Млади и медиуми“, која е во организација на Фондацијата „Метаморфозис“ и Младинскиот образовен форум. „Е-општество: млади и медиуми“ е дводневна конференција во организација на фондацијата „Метаморфозис“ и Младинскиот образовен форум (МОФ), која ги истражува медиумите од младинска перспектива, медиумите под водство на млади, медиумската писменост, квалитетот на информации, активизмот на дигиталните медиуми, музиката и движењата. Конференцијата е отворен, креативен и интерактивен простор што нуди информации и овозможува дискусија, разни активности и вмрежување. „Е-општество: млади и медиуми“ ги предизвикува традиционалните гледишта на младите и на медиумите и има цел да понуди знаење и инспирација за сите учесници.

Водечки експерти и активисти од 14 земји се структурата на „Е-општество: млади и медиуми“: 20 говорници, 10 интерактивни работилници, 2 панел-дискусии со 10 гости, 4 филмски проекции и 5 реномирани дицеи овозможуваат дводневна агенда за секој млад човек, активист, новинар и граѓанин.

На конференцијата ќе се претстават и резултатите од неколкумесечното истражување за младите и медиумите во 11 земји од југоисточна Европа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top