| четврток, 6 декември 2018 |

Емина: Најдобра сум, немам загубено ниеден кандидат

И по неколку дена од емитувањето на шоуто, расправиите меѓу двете менторки не престануваат. Кристина Ковач, разочарана од испаѓањето на нејзината група девојки „4U“ изјави дека гласањето требало да биде пообјективно. Таа во нејзиното излагање рече дека Харис не го користи својот потенцијал, а виновник е неговата менторка Емина Јаховиќ.

На ова босанската пејачка одговори преку својот менаџер за односите со јавноста, кој истакна дека Емина многу професионално ја сфати улогата на член на жирито во „Икс-фактор“. Таа, според него, повторно ја покажа својата посветеност и пожртвуваност кон своите.

– Ќе продолжиме и понатаму да работиме со нив, за во наредните емисии да бидат што подобри. Морам да го истакнам и фактот што само Емина како ментор досега не загуби ниеден кандидат и тоа покажува дека тоа што го прави го прави најдобро – е официјалниот став на тимот на Јаховиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top