Од 1. мај 2014 ќе биде воспоставена нова редовна авиолинија Рим – Скопје – Рим. Станува збор за директен лет од аеродромот „Леонардо да Винчи“ во Рим до аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, кој ќе сообраќа 7 пати неделно, односно на дневна база преку операторот „Алиталиа“.
„Алиталиа“ е најголемата авиокомпанија во Италија која опслужува повеќе од 98 дестинации во 44 земји, а за летот Рим – Скопје е особено важна поврзаноста на нивниот главен хаб – аеродром „Леонардо да Винчи“ со Северна Америка, односно Канада, особено градовите Њу Јорк и Торонто, каде ќе можат да се трансферираат патниците од и до Скопје.
Воспоставувањето на новиот лет до Скопје на дневна база е одлука на компанијата по извршената анализа за нови летови во регионот, каде, меѓу останатите земени предвид биле и аеродромите во Приштина и Загреб.
За реализацијата на директниот лет Рим – Скопје ќе се користат воздухопловите Airbus 320 и Embraer 175.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.