| четврток, 6 декември 2018 |

Британска влада: Независна Шкотска ќе треба да се откаже од британската фунта

funta

При евентуално отцепување на Шкотска од Велика Британија, по претстојниот референдум, таа треба да се откаже од користење на сегашната валута – британската фунта, изјави британскиот министер за прашања на Шкотска, Алистер Кармајкл.

– Ако жителите на Шкотска изберат независност, треба да се подготвени да го прифатат фактот дека земјата ќе излезе од монетарниот систем со останатиот дел на Обединетото Кралство – истакна Кармајкл.

– Сите можни проекти за зачувување на британската фунта во Шкотска, кои сега ги разгледуваат властите, се неприфатливи – изјави британскиот министер.

Вакво мислење веќе изрази и британскиот министер за бизнис, иновации и професионална обука Винсент Кејбл.

Референдумот за независност на Шкотска е закажан за 18 септември. Ако Шкотланѓаните изгласаат суверенитет, тогаш тоа ќе биде прогласено на 24 март 2016 година. Дотогаш Единбург и Лондон треба да се договорат за условите за излез од Велика Британија, која беше создадена во сегашниот вид по поптпишувањето на актот за унија меѓу Англија и Шкотска во 1707 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top