Педесет и двегодишен скопјанец е повреден откако паднал додека работел на новата сала на МЗТ и ги скршил двете раце.
Како што информира полицијата, 52-годишниот скопјанец А.А. вчера доживеал несреќа додека изведувал градежни активности на новата сала на МЗТ, лоцирана на булеварот АВНОЈ во Аеродом.
Работникот паднал од висина од три метри и заработил тешки телесни повреди. Tој бил пренесен во болница каде што му биле констатирани скршеници на двете подлактици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.