„Лице в лице“ денеска во „Концепт 37“ организира мултимедијален перформанс на кој ќе може да се проследат изложба на фотографии на Томислав Георгиев и на Роберт Атанасовски; литературни записи на Никола Маџиров, Ирена Јорданова, Николина Андова, Иван Шопов, Ана Голејшка, Дарко Лешоски, Биљана Стојановска и Маја Васева; перформанс на „Инка“ во кој учествуваат Кристина Тодороска – Петреска и Климент Попоски заедно со продавачите на „Лице в лице“; музика на „Мамут & Јашем“ и диџеј сет на Ненад Тонкин.
Истовремено ќе биде промовиран новиот, 9-ти број на уличното списание „Лице в лице“, како и останатите улични весници и списанија членки на INSP, кои од 3 до 9 февруари ја одбележува Меѓународната недела на продавачи на уличен печат, а овој настан е дел од одбележувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.