После отказот, Џовани Кафаро од Милано, имал стотици неуспешни обиди за наоѓање нова работа, а чекањето на ред за едно интервју, му донесе брилијантна идеја – да биде човек кој место вас ќе чека во ред. Побарувачката е голема, а Кафаро на тоа добро заработува.
– Наплаќам 10 евра за час. Издавам дури и фискална сметка, работа има сѐ повеќе – вели 42 -годишниот Италијанец, која инку е дипломиран комуниколог.
По отказот по 12 години како маркетинг директор во текстилна фабрика, идејата на Кафаро беше да им го понуди на луѓето она што најмалку го имаат – време.
Тој чека ред кога треба да се заврши некоја адмминистративна работа, а го прошири бизнисот и со тоа што пополнува формулари, плаќа сметки, купува во маркет, а понекогаш и ги превезува неговите клиенти.
Кафаро е достапен од понеделник до недела, дење ноќе, а се претставува како „сериозен, организиран, трпелив и љубезен професионалец“.
Покрај Милано, за Кафаро сѐ повеќе има работа и по околните италијански градови, а тој наскоро ќе отвори и своја агенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.