| четврток, 6 декември 2018 |

Самарас не гледа неонацизам во Златна зора

Zlatna-Zora-Naci-1Во Грција нема неонацистички настроени лица, смета грчкиот премиер Андонис Самарас. Тој опишувајќи ја поддршката за националистичката партија Златна зора, ја дефинира како израз на револтот на луѓето против големата невработеност.

– И во теорија и во практика незамисливо и неприфатливо е во Грција да има неонацистички сили. Тие не постојат – децидно изјави На семинарот „Да си дозволиме демократија“.
Самарас притоа потсети дека Грција загубила околу 10 отсто од населението, токму поради нацистите за време на Втората светска војна.
Но, Самарас заборава на делувањето на Златна зора, нивните неонацистички симболи, пораки, настапи на насилствата кои однесоа и човечки животи. Тој заборави на однесувањето на членовите и симпатизерите на Златна зора на границите на државата. Самарас заборава дека под притисок на јавноста и на меѓународната заедница државата мораше институционално да делува и со измени на закон да се справува со партијата и со нејзините членови во Парламентот. Самарас заборава дека Златна зора нема поддршка само меѓу невработените, туку најголемата енергија ја црпи од вработени во безбедносните служби – војската и полицијата. Ваквите пораки на Самарас само ги потврдуваат сомнежите кај останатите држави од ЕУ дека борбата против неонацизмот во Грција е само декларативна, без волја да се расчисти со појавата спротивна на европските вредности. Додека Самарас го оправдува ваквото однесување и во него не гледа неонацизам, Златна зора се преименува за да може повторно легално да се врати во државните институции, но и да се финансира од државните фондови, кои последните години ги полнат европските граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top