Иако календарски зимата уште трае, време е за најава на модните трендови за пролет-лето оваа година. Претставувањето на новите трендови е најдобро да се почне со боите што ќе „владеат“ во наредната сезона.
Тие што внимателно ги следат модните трендови, ќе видат дека одредена боја или нијанса на тие бои се повторува низ неколку сезони, но, од друга страна, секоја сезона донесува новитети, кои понекогаш ги има и во зимските трендови или, пак, се продолжение од претходната сезона пролет-лето.
Иако колекциите за претстојните сезони во 2014 година веќе се претставени на модните писти, кои од сите тие бои, навистина, ќе ги има во масовната потрошувачка, останува да видиме. Но, за тоа постојат предвидувањата.
Предвидувања на „Пантон“
Институтот за бои „Пантон“ за сезоната пролет-лет 2014 година предвидува 10 главни бои, кои се опишуваат како комбинација од енергични и романтични тонови, кои имаат фокус на емоционалната и артистичка рамнотежа. Кога малку подобро ќе ги видите боите, ќе забележите дека сите меѓусебно си одговараат, што значи дека има многу комбинации.
Предвидувања на „Лензинг“
Агенцијата за предвидувања „Лензинг“ повеќе оди во детали што се однесува до боите и ги подели во пет теми: сензуални бои, смирени, потресени, оаза и прозрачни бои.
Сензуални бои за жешкото лето
Тие се заводливи, соблазнителни, интензивни… На тој начин „Лензинг“ ги опишува боите што ги предвидел во првата тема. Ова се бои што се предвидени за лесни, релфлектирачки ткаенини, сатен, жоржет, жарсе, како и за лесни плетени ткаенини.
Смирените бои на синилото
Во контекстот со сензуалната палета на бои, оваа палета на смирени, сини, сиви, бронзени нијанси дејствува, навистина, смирувачки. Со овие бои може да се отпуштите, но и да изгледате свежо, како вистинска спротивност на жешките пролетни и летни денови. Со овие бои одговараат лесни, проѕирни памучни материјали…
Оаза на бујни бои
Овие земјени тонови ја имаат таа земјена нота на црвена глина, зелен лист, жолт камен… Овие бои ќе се користат за разни отпечатоци на материјалите, кои намерно изгледаат како да се износени…
Прозрачни матирани бои
Ако сакате непроѕирни, мистични бои со кои се одликуваат минералите, кои од друга страна имаат во себе интересен и необјаснет сјај, тогаш, ова се боите во кои ќе сакате да го поминете летото. Овие бои ќе се носат во неколку слоја, од проѕирни материјали, што ќе им даде длабочина и повеќедимензионалност, како и една нишка на елеганција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.