Германската телекомуникациски гигант „Дојче телеком“ сака да го преземе „Телеком Словенија“, велат за германскиот бизнис-весник „Ханделсблат“ извори од владиниот врв на Словенија.
Официјална реакција од „Дојче телеком“ засега нема, но експертите во секторот за телекомуникации оценуваат дека таквата можност е реална. „Дојче телеком“ со своите фирми-ќерки е присутен речиси кај сите словенечки соседи. „Телеком Словенија“, пак, е сопственик на македонскиот телекомуникациски оператор „Оне“ и доколку би се реалзирала таа зделка, тогаш „Оне“ ќе мора да добие нов соптвеник.
Продажната цена се проценува на околу 700 милиони евра.
Меѓутоа, според „Ханделсблат“, германскиот гигант не е единствен заинтересиран за преземање на словенечкиот оператор – се наведуваат уште и „Хуавеи“, „Бејн кепитал“, „Аксос“ и руски инвеститори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.